„Росонерите“ го декласираа Наполи со 0-4 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол и му набија комплекс пред пресметката и во Лигата на шампионите.
Рафаел Леао во 17.минута го најави дебаклот за „наполитанците“, а Брахим Дијаз зголеми на 0-2 само осум минути подоцна.
Во вториот дел, Рафаел Леао уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а конечниот резултат го постави Алексис Салемакерс.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во второто полувреме на ова дерби, го замени Лоботка во 68.минута.
Милан со оваа победа се искачи на третата позиција и има 51 бод, односно еден повеќе од Интер и Рома.