Големата тениска надеж Калин Ивановски не успеа да се пласира во второто коло на Австралија Опен во јуниорска конкуренција. Во драматичен меч беше совладан од Русинот Јарослав Демин со 2-0 по сетови (6-7, 5-7), ова беше дуел кој траеше речиси два часа.

Првиот сет беше изедначен, двајцата беа сигурни на својот сервис. При 3-3, Русинот направи брејк и поведе со 3-4, Ивановски не се предаде, намали на 4-5, а потоа го возврати брејкот и изедначи на 5-5. Мечот влезе во тај-брејк, на крајот противникот успеа да слави со 3-7.

Македонецот имаше проблем на стартот на вториот сет, Русинот поведе со 0-3, а потоа и со 1-4. Ивановски се врати и изедначи на 4-4. При новото водство на противникот од 5-6, македонскиот тенисер испушти предност од 40-15, не успеа да го одведе и овој сет во тај-брејк.

И покрај овој пораз Калин не разочара, тој беше рангиран како десетти носител на јуниорска конкуренција на Австралија Опен, покажа дека во иднина допрва ќе бележи добри резултати.