Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дефинитивно поседува неверојатен талент за јазици. Одамна е познато дека Србинот е полиглот и течно зборува пет или шест светски јазици, но овој пат ги шокираше сите со неговата изјава на чист кинески јазик!
Српската репрезентација оствари победа во првото коло од Јунајтед Купот во Перт, Австралија, а по дуелот Ѓоковиќ пријатно ги изненади сите на прес-конференцијата и се обрати на кинески јазик. Неговите колеги, Олга Даниловиќ и Виктор Троицки не останаа рамнодушни и не можеа да поверуваат дека популарниот Ноле зборува на течен кинески, а истата реакција ја имаа и останатите присутни во прес-центарот.
Србија и Кина го решаваа победникот во Јунајтед Купот во супер тајбрејк во игра на двојки, а како поуспешни излегоа српските преставници Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ.
– Среќна Нова година. Ви благодарам на поддршката, те сакам Кина, вие сте мои добри пријатели, – порача Ѓоковиќ, а запрепастената Олга Даниловиќ остана зачудена од Ноле.
Навистина е неверојатно како Ѓоковиќ низ годините успеа да научи толку многу јазици, а покрај родниот српски, неретко може да се види како дава изјави на англиски, шпански, италијански, германски и француски.