Холандскиот репрезентативец во редовите на Барса, Френки Де Јонг се врати во родната земја по повод божиќните и новогодишните празници, но Холанѓанецот нема многу простор за релаксација и веќе е насочен кон предизвиците кои следуваат.
– Знаеме дека не сме добри во Ла Лига и тоа е реалност со која мора да се соочиме. Сепак, имаме уште пола сезона пред нас, ништо не е завршено. Имаме време да ги поправиме работите. Јас дојдов тука за да освојувам титули. Ако бидам искрен, не сум остварил ништо од тоа што замислив, не ги освоив трофеите кои ги имав замислено.
– Се уште не сум играчот кој сакам да бидам и заедно можам да напредувам со тимот. Се надевам дека заедно ќе созрееме што побрзо. Среќен сум во Барселона, ова е клубот за кој сонував од дете, – изјави Де Јонг во интервјуто за „НОС“.