Душан Влаховиќ е во центарот на вниманието на италијанската јавност и поради игрите на теренот и поради приватниот живот.
Како што пишуваат медиумите на Чизмата, српскиот напаѓач е во љубовна врска со Каролина Страмаре, девојката која беше Мис на Италија за 2019 година, според пишувањето на Газета, Тутоспорт и други …
Оваа прекрасна 23-годишна девојка во својата татковина го доби прекарот „Италијанската Меган Фокс“.
Наводно, Душан и Каролина веќе заедно ги прославиле родендените, со оглед на тоа што се родени на само ден разлика.