Екс-европскиот првак Борусија Дортмунд се избламира на својата „Сигма Идуна Парк“, па загуби со 2-4 од шкотскиот Глазгов Ренџерс кој е на добар пат да оди во осминафиналната рунда, а уште еднаш се покажа колку на „милионерите“ им недостига младата норвешка гол-машина Ерлинг Браут Халанд, кој поради повреда не играше.
Траверние и Морелос дадоа два гола во периодот од 38 до 41 минута, Лундстрам погоди во 49-та, а Морелос со својот втор гол во 54-та, три минути откако Џад Белингам го даде единствениот гол за Дортмунд. Рафаел Гереро на осум минути пред крајот даде втор гол за Дортмунд на асистенција на Белингам, зa да го ублажи поразот но и да го остави ова шеснаестинафинале отворено за идната недела, дека Германците сепак ќе може да достигнат два гола негатива и евентуално да поминат во следната фаза.