Манчестер Јунајтед важеше за фаворит за ангажман на одличниот напаѓач од Бенфика, Дарвин Нуњез кој ова лето речиси сигурно ќе ја промени средината.
Но, како што пишува „Телеграф“, Јунајтед добил неочекувана вест од Португалија, односно од самиот играч кој посочил дека сака да потпише во тим кој игра во Лигата на шампионите и кој има можност да освојува титули во следните години.
Наводно играчот добил и понуда од шпански клуб, а португалските медиуми веќе објавија дека можеби станува збор за Атлетико Мадрид кој ќе бара офанзивец по заминувањето на Луис Суарез од клубот.
Инаку, претходно и Бенфика ја одбила понудата од Јунајтед во преговорите за Нуњез да биде вклучен и Антони Марсијал со цел да се намали цената на играчот.