Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека неговиот тим целосно го контролирал дерби натпреварот и дека Јувентус можел да постигне само од пенал, што и се случи за реми 1: 1.
„Мислам дека тоа беше единствениот начин да примиме гол. Судијата беше блиску , можеше да го види прекршокот и не мораа да го повикаат да ја проверува ситуацијата. Разочаран сум за нашите навивачи бидејќи одигравме добро и заслуживме повеќе“, изјави Инзаги за DAZN.
Интер и Јувентус одиграа нерешено 1:1 синоќа во дерби натпреварот од Серија А во Милано. Домашните поведоа со голот на Един Џеко во 17. минута, а израмни Пауло Дибала во 89. минута од пенал.
Инзаги беше исклучен во 89. минута поради остри приговори, откако судијата досуди пенал по употребата на ВАР технологијата, бидејќи процени дека Дензел Дамфрис направил прекршок над Алекс Сандро.
“Признавам дека мојот гест не беше добар, но мислев дека тоа не е инцидент за ВАР. Како тренер, во 89. минута од таков натпревар, кога судијата покажува дека играта продолжува, природно е да се добие малку лут поради тоа што го направи. “, изјави Инзаги.
По девет одиграни кола во Серија А, Интер е трет на табелата со 18 бода, а Јувентус е шести со три бода помалку. На прво и второ место се Наполи и Милан со по 25 бодови.