Серхио Агуеро за прв пат се појави во јавноста по срцевите компликации кои ги доживеа на почетокот на ноември и ги увери своите обожаватели за добрата состојбата на неговото здравје.
Срцевата аритмија што ја претрпе за време на ремито на Барселона со Алавес 1-1 фрли сериозен сомнеж во кариерата на напаѓачот и тој треба да биде надвор од терените барем до почетокот на февруари.
Тој се појави на неговиот канал Twitch во петокот за прв пат откако се случи инцидентот и даде информации за неговата иднина во фудбалот.
Нема да зборувам многу за тоа“, изјави Агуеро.
„Секој ден ми е подобро и сакав да ви искажам благодарност на сите за поддршката што ја добив на социјалните мрежи, во сите формати.
„Многу луѓе ми пишаа, па сакам да им се заблагодарам. Нема да зборувам многу на оваа тема, само дека ќе уживам во натпреварот „Кру“ [неговиот еСпорт тим] и ништо друго. Ви благодарам што ме поддржувавте“.
33-годишниот фудбалер треба да се појави на заедничка прес-конференција со својот клуб за да го открие планот за акција во врска со неговата кариера, иако датумот за прес-конференцијата допрва треба да биде одреден.