Актуелниот првак на Португалија Спортинг од Лисабон одигра за голема победа на „Да Луж“ во градското дерби против Бенфика со 1-3 (0-1).
Лисабонско дерби мина во знакот на момците на Аморим, кои од првата минута се наметнаа и извојуваа победа на теренот на кој само Баерн се радуваше сезонава. Сарабија донесе водство за гостите во осмата минута, а Паулињо зголеми на 0-2 во 62. минута. Жорж Жесус целосно се отвори и Матеус во 68. минута по третпат погоди за Спортинг. Бенфика во судиското надополнување преку Пици само го ублажи поразот.
Со оваа победа Спортинг му побегна на својот градски ривал за четири бода и остана залепен за Порто на врвот со по 45 бода. „Змејовите“ вечерва извојуваа победа на теренот на Портимоменсе со 0-3.