Лионел Меси сезонава игра во фантастична форма, за што доказ е и синоќешниот триумф на ПСЖ на гости кај Ајачио (3-0), во кој Аргентинецот постигна мајсторски погодок.

Тој беше стрелец на вториот гол за „светците“ во 79. минута, кога буквално им ја „скрши кичмата“ на сите во одбраната на противникот. Меси ја зеде топката на дваесетина метри од противничкиот гол, по што одигра двојно додавање со Хуан Бернат, па играше луцидно  со Килијан Мбапе, кој со петица му отвори можност за да го издрибла дури и голманот за да реализира на празна мрежа.

https://twitter.com/Misteriuy/status/1583608490282848258?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583608490282848258%7Ctwgr%5Ed81cb1302a65caa371b377eb08ea6144ae3e43e2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fgolchishte-mesi-im-ja-skrshi-kichmata-na-site-vo-odbranata-i-pogodi-na-prazna-mrezha

За Аргентинецот ова беше шести погодок во 11. меч за ПСЖ во Лига 1, а има и девет асистенции, откако синоќа двапати прецизно го „погоди“ Мбапе, на кого му остана само полесниот дел од работата да ја затресе противничката мрежа.