Фудбалската репрезентација на Чешка и Федерацијата им се приклучија на Шведска и Полска во бојкотот на квалификациите за Светското првенство против Русија .
Откако федерациите на Шведска и Полска го искажаа својот став за неможноста да се одигра каков било натпревар против Русија во дополнителните квалификации за Светското првенство, истото денес го направи и Чешка.
Чесите изјавија дека е невозможно да се игра натпревар против Русија во оваа ситуација, дури и на неутрален терен. Сега го чекаме потегот на ФИФА кој може или да ја избрка Русија или директно да ја испрати на Светското првенство.
Доколку се случи втората, неверојатна и неочекувана опција, следниот чекор веројатно е бојкот на сите европски репрезентации додека Русија не биде суспендирана од Мундијалот.
„Извршниот одбор на Федерацијата, членовите на стручниот штаб и играчите на репрезентацијата се согласија дека е невозможно да се игра против руската репрезентација во оваа ситуација, дури и на неутрален терен. Сите сакаме војната да заврши што е можно поскоро “, изјавија Чесите.
За потсетување, овие четири екипи вкрстуваат во својот дел од ждрепката. Во полуфиналето требаше да играат Русија и Полска и Шведска и Чешка, но сите три репрезентации рекоа дека не ни да размислуваат да играат со Русите.