По женскиот спуст во Кран Монтана, Софија Гоџа ја зголеми предноста во дисциплината, додека во генералниот пласман на Светскиот куп е целосно изедначено .
Победничка на женскиот спуст во Кран Монтана е изненадувачки Приска Нуфер. Швајцарската скијачка, која до оваа трка имаше 128 поени во дисциплината, сега собра речиси исто толку поени.
Нуфер стартуваше втора у од самиот почеток добро ги искористи условите на патеката и го заврши возењето за минута, 29 секунди и 93 стотинки. Второпласираната Чехинка Естер Ледецка заостана 11 стотинки.
Водечката во дисциплинскиот поредок, Италијанката Софија Гоџа заврши како трета на подиумот и заостана за 23 стотинки и додаде уште 60 поени. Со оглед на тоа што Корин Сутер беше четврта, тоа значи зголемување на предноста.
Гоџа сега има 482 поени во дисциплината, Сутер 407, а третопласираната Рамона Зибенхофер денеска собра само девет поени и заврши на 22. место.
Најдобрите пет ги заокружија Австријката Стефани Вениер и Норвежанката Рагнхилд Мовинкел со исто време 1:30.24.
Промена имаше и на врвот на поредокот за Големиот кристален глобус. Петра Влхова освои 15 поени на 16. место и се изедначи со Микаел Шифрин со 1.026 поени. Гоџа ја намали разликата, но и понатаму заостанува 170 поени .