Поранешниот француски првак Монако успеа добиен меч да го загуби попладнево на својот стадион во малото кнежевство, откако Ремс победи со 2-1 и со гол буквално во последните секунди да дојде до голем триумф и победа.
Ако пред една недела во Бордо, Монако успеа од скоро загубен меч да се извлече и да освои бод и тоа само поради автоголот на противничкиот фудбалер Марсело. Тогаш „кнезовите“ имаа десетмина на терен, денеска екс-првакот до 85-та минута водеше и на крајот загуби.
Сѐ тргна наопаку откако Кевин Воланд си даде автогол за Ремс, а младинскиот француски репрезентативец Натаниел Мбуку во 93-та минута да приреди огромен шок со голот за победа, во мечот на кој Ремс беше во подредена положба. Монако доминираше и во посед и во напади, изведе десет корнери… Ама, сѐ беше залудно.
Поведоа домаќините со голот на Висам Бен Једер во 55-та минута, откако ВАР во седмата му поништи гол на Желсон Мартинс.
По поразот Монако остана на 38 бода, пет зад четвртиот Рен во трката за место во ЛШ, додека Ремс со седмиот триумф дојде до 31 бод, десет над опасната зона.