Следната звезда на Барса, Микаел Фаје е фудбалер кој настапува за вториот тим на Барселона, но вчера успеа да го најави својот потенцијал со првиот гол во дресот на репрезентацијата на Сенегал.
19-годишниот дефанзивец беше доведен во Барса од хрватска Кустошија, а во дебито постигна спектакуларен погодок од голема далечина.
Сенегал поведе со 2:0 во пријателскиот натпревар со Габон, а Фаје заслужено веднаш стана главна ѕвезда на социјалните мрежи.
Неговата репрезентација до крајот постигна уште еден гол преку Садио Мане за конечни 3:0.