Македонскиот репрезентативец, напаѓачот Бојан Миовски постигна нов гол за екипата на шкотски Абердин.

Нова „жртва“ оваа сезона на Миовски е шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Уште во раната фаза од натпреварот во домот на Абердин, Македонецот донесе предност, откако излезе сам пред голот и силно шутираше во долниот агол од голот на ренџерите.