Баерн има 35 бодови на втората позиција во лигата, односно четири помалку од лидерот Баер Леверкузен, но има одиграно и еден меч помалку.
Домаќините го отворија резултатот уште во 2. минута кога Кејн првпат реализираше, а англискиот репрезентативец ја најави победата со вториот гол, постигнат во 55. минута.
Меѓу двата гола на Кејн, на Баварците им беа поништени два гола од ВАР, но Штутгарт не успеа да го искористи тоа, ниту пак да направи нешто повеќе откако имаше поголема негатива.
Дефанзивецот Ким стави точка на неизвесноста со својот прв погодок во Бундеслигата, со што Баерн го задржа чекорот зад лидерот Баер Леверкузен.
Тимот на Томас Тухел има четири бода помалку од лидерот, но и натпревар помалку поради одложената средба со Унион Берлин.