Португалците се уверени во освојување на трите бода, без разлика што играат против двоен светски првак, па Бернардо Силва дури и откри во чија чест ќе биде тој триумф.
„Вечерашната победа сакаме да му ја посветиме на Даниело, кој е фантастичен играч, но и како личност е фантастичен. Затоа сакаме тоа да го направиме за него“, изјави Силва, мислејќи на Даниело Переира, португалски репрезентативец, кој е повреден.
Фудбалерот на Манчестер сити и покрај самоувереноста, кажа и многу пофални зборови за Уругвај.
„Тие во своите редови го имаат Валверде, кој е еден од најдобрите играчи за врска. Многу е силен и е вистински лидер на екипата, заедно со Дарвин Нуњес. Секако и останатите се квалитетни и се во добра форма“, дополни Силва.
Португалија ќе се обиде со евентуална победа да обезбеди сигурен пласман во следната фаза на Мундијалот, кој го почна со триумф над Гана (3-2).