„Кариоките“ доминираа, напаѓаа, им поништија и гол на Винисиус Јуниор поради офсајд од центар од фудбалер кој не ја ни допре топката, но на крајот дојдоа до посакуваната цел, а тоа беше барем еднаш да ја затресат мрежата на противникот. Стрелец беше Касемиро по филигрантска акција на мал простор, крунисана со бомба со која за малку не ја скина мрежата.
На овој погодок се израдуваа и во Србија, на која ѝ одговара триумф на Бразил за да може во последното коло да брка само обична победа над Швајцарците за да го обезбедат вториот билет од групата на следниот круг од СП 2022. Секако, под услов Камерун да не направи сензација и да не ги совлада убедливо „кариоките“.