Холандскиот интернационалец Матијс де Лихт размислува за заминување од Јувентус, а агентот Мино Раиола успеал да се избори за посебна клаузула во договорот. Интересно, отштетната клаузула на Де Лихт изнесува 125 милиони евра, меѓутоа за трансфер единствено во Барселона има фантастичен попуст за цели 50 милиони.
Јувентус вложи 75 милиони евра во ангажманот на Матијс де Лихт, а сега би бил задоволен и да си ја врати инвестицијата во период кога клубот се соочува со финансиска криза. Тренерот Масимилијано Алегри размислува негова замена да биде Алесио Ромањоли од Милан, кој исто така е претставуван од Мино Раиола.
Доколку го продаде Де Лихт, Јувентус парите би ги вложил во ангажман на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина.