Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос би можел да стане тренер на Фенербахче, клубот во кој настапуваше на крајот од кариерата, а според шпанските и турските медиуми, тој во Истанбул би требало да го донесе и капитенот на Реал Мадрид, Марсело.
Фенербахче бара тренер по отказот на Витор Переира, а еден од кандидатите е Бразилецот.
Покрај Роберто Карлос, кандидати за клупата на великанот од Босфор се и Јоаким Лев, Славен Билиќ и тренерот на Бенфика во заминување, Жорге Жесус.