Челси вечерва ќе се појави на сцената во осминафиналето од Лигата на шампионите. Лондончани продолжуваат да го бранат трофејот во дуелот против францускиот шампион Лил. Англичаните се фаворити во оваа пресметка, но мора да се земе предвид фактот дека Челси и не беше целосно убедлив за пласман во осминафинале.Французите  сигурно ќе бидат многу инспирирани за овој дуел. Тимот по 15 години стигна до нокаут фазата во Лигата на шампионите и сега ќе сака да покаже за што е способен. Згора на тоа, на Лил не му оди најдобро во Лига 1, каде одамна знае дека нема шанси да ја одбрани титулата, а ќе мора да се бори и за пласман во Европа следната година. Фудбалерите на Жослен Гувернек немаат што да загубат во дуелот со Челси.

Челзи и Лил имаат само два меѓусебни меча во европските натпреварувања. Тие беа во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Тогаш Англичаните забележаа две победи со 2-1. Сепак, лондончани немаат многу убави спомени од претходните елиминациски натпревари со француските клубови, бидејќи испаднаа во три од четири случаи.