Виљареал и Јувентус од 21 часот го играат првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Под посебна лупа ќе биде настапот на Душан Влаховиќ, одличниот српски напаѓач кој во последниот преоден рок од Фиорентина пристигна во Јуве за 82 милиони евра. За Влаховиќ вечерашниот меч ќе биде деби во Лигата на шампионите, а во Србинот верува легендата на Старата дама Алесандро Дел Пјеро.
“Не му треба совет за ова деби, тој е момче со јасни идеи. Тој доаѓа од посебна земја, има искуство во Сериа А и веќе се докажа. Тој е сериозен играч кој сака да работи и само потребна е смиреност за да дебитира успешно во Лигата на шампионите. „Не се сеќавам на ништо од моето деби, бев толку млад. Тогаш ни недостигаа Вијали, Раванели, па одлуката беше дали јас да играм или Падовано. Примивме гол веднаш. Советувам Влаховиќ да игра ладнокрвно, да мисли само на соиграчите“, рече легендарниот Дел Пјеро.
Дел Пјеро го советуваше и тренерот на Јуве Алегри како да го искористи Влаховиќ на теренот.
Не смее да биде сам. Соиграчите мора да го поддржат за подобро да влезе во казнениот простор без топка. Влаховиќ знае да игра странично и добар е еден на еден“, додаде Дел Пјеро.