Ова е нов рекорд во историјата на тенисот за дуел кој завршил најдоцна, односно кој почнал во 1.20 часот и траел сѐ до 4.55 часот наутро. По голема борба, победата му припадна на Зверев, кој славеше со 3-6, 7-6 (12-10), 6-2.
„Среќен сум поради победата. Не знам како се чувствува Џенсон, мора да му е тешко, но среќен сум што двајцата влеговме во историјата. Ова беше неверојатна борба“, изјави Зверев.
Претходниот рекорд го држеа Маркос Багдатис и Лејтон Хјуит, чија пресметка на Австралија опен во 2008 година траела до 4.34 часот наутро по локално време.