Македонскиот првак Шкупи, доколку успее да го елиминира Линколн од Гибралтар, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе се сретне со шампионот на Хрватска, Динамо Загреб. Ќе биде тоа интересен дуел за Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи, кој во минатото беше играч на Динамо, а пред неколку години и тренер на Б-тимот на „модрите“.
Членови на Динамо Загреб се македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Натпреварите од втората рунда во квалификациите во ЛШ на програмата се на 19/20 јули и на 26/27 јули.