Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова постави нов државен рекорд на 10.000 метри, односно го подобри претходниот за речиси цела минута на Купот на Македонија.
Поп Арсова ја заврши трката за 35:00,30, па така го поправи претходниот рекорд кој изнесуваше 35:53,33, а не ѝ пречеа ниту ужасните временски услови.
Купот на Македонија на 10.000 метри се одржа на 17 април, како прв меч на патеката за 2022 година, додека победник во машка конкуренција беше Атанас Анчевски од Атлетскиот клуб „Делта“.