Најмладата натпреварувачка од Олимписките игри во Токио, Еја Гуезгез од Тунис, трагично загина на море за време на тренингот со нејзината сестра Сара во неделата.
17-годишната девојка починала откако нејзиниот чамец на море бил потопен поради силни налети на ветер. Нејзината сестра со која заедно се натпреваруваа во Токио во едрење ја преживеа несреќата .
Сестрите Гуезгез се подготвувале за претстојното регионално натпреварување, а со нив во моментот на несреќата бил и нивниот тренер. Успеал да ја ослободи Сара, но Еју не можел да оживее ниту со кардиопулмонална реанимација.
„Господ да ја помилува покојната и да и даде вечен одмор во рајот. Нека им даде на семејството, најблиските и на целото спортско семејство прекрасно трпение и мир“, се вели во соопштението на Олимписката федерација на Тунис.
Инцидентот ја налути јавноста во Тунис. Многумина го поставија прашањето за состојбата на опремата со која работеа девојките, како и за безбедноста. Официјално е започната истрага за несреќата.