Во својот неделен извештај, Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) ги објави проценетите трансфер вредности на 50 играчи до 23 години со највисока пазарна цена, а по него највреден е хрватскиот репрезентативец и првотимец на РБ Лајпциг Јошко Гвардиол со проценета трансферна вредност од 96,2 милиони евра.
Меѓународниот центар за спортски студии истакнува дека 20-годишниот Гвардиол се етаблираше како еден од најважните играчи на Хрватска и РБ Лајпциг и дека би можел да го собори рекордот кога е во прашање трансферот на еден дефанзивец.
Интересно, клупскиот колега на Гвардиол, офанзивниот играч за врска Доминик Шобошлаи е на второто место со проценета вредност на трансферот од 60,3 милиони евра, а трет е играчот на Барселона, Гави чиј проценет трансфер е 58,6 милиони евра.
CIES ја проценува вредноста на фудбалските трансфери од 2010 година, а нивниот научен труд неодамна беше објавен во списанието Economies и е достапен за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат за методите и варијабилите на истражувачкиот тим на CIES, објави HNS.