Репрезентативецот на Египет и предводник на Ливеруп, Мохамед Салах ја доби наградата за најдобар играч во 2021 година во Премиер лигата. Фудбалерите за оваа престижна награда ги номинираат новинари од Англија, додека навивачите одлучуваат за победникот со гласање на социјалните мрежи.
Салах го повтори успехот од претходната година. Популарниот Мо блеска на терените на островот, а моментално е најдобар стрелец и асистент во Премиер ЛИгата. Во гласањето учествуваа околу 140.000 љубители на фудбалот.
Покрај Мохамед, меѓу најдобрите 10 играчи се: Деклан Рајс, Бруно Фернандес, Фил Фоден, Едуард Менди, Мејсон Маунт, Рубен Дијаз, Кевин Де Брујне, Жоржињо и Жоао Кансело.
Меѓу 20-те најдобри играчи се најдоа уште и: Мајкл Антонио, Хари Мекгваер, Нголо Канте, Кристијано Роналдо, Маркус Рашфорд, Трент Александер-Арнолд, Џек Грилиш, Илкај Гундоан, Сон Хјеон-Мин и Јури Тилеманс.