Судијата кој се најде во центарот на вниманието во светот пред една година откако двапати свирна крај на меч предвреме ќе биде дел од Светското првенство во Катар.
На натпреварот меѓу Мали и Тунис (1-0), судијата Јани Сиказве од Замбија направи скандал откако свирна крај на мечот во 89. минута. Фудбалерите и стручниот штаб на Тунис „полудеа“ на одлуката.
Интересно, Сиказве претходно означи крај на мечот и во 85. минута, ама по сугестија на ВАР-собата сфати дека часовникот на раката не му е точен и е пет минути напред. Потоа свирна крај на минута пред крајот,
Сиказве ќе биде дел од Мундијалот, а вечерва ќе биде главен судија на средбата меѓу Белгија и Канада.