Фудбалерот на Монца, Дани Мота, го постигна сигурно најубавиoт гол во својата кариера, откако на натпреварот со Џенова постигна гол со атрактивни „ножички“ од голема далечина.
Во 18. минута од натпреварот во Џенова, гостинскиот фудбалер доби прецизна топка од Колпани и без размислување направи атракција која успешно ја изведе и го постигна голот на колото, а можеби и на сезоната во Серија А.
Португалскиот напаѓач, кој оваа сезона игра променливо во дресот на Монца, досега постигна само четири гола, но дефинитивно со овој ќе се прослави.
На натпреварот имаше доста возбудувања и емоции, а победата ја однесоа гостите од Монца (2-3).