Екипата на Борусија Дортмунд го совлада Вердер во Бремен со 1-2 (0-2) во натпреварот од 25. коло на германската Бундеслига.
Клучните голови „милионерите“ ги постигнаа во првото полувреме, поточно во 21. и 38. минута, кога Данел Мален и Џејдон Санчо (прв гол по кам-бекот) погодија за двојна предност.
Во првиот дел од натпреварот Марсел Сабицер доби директен црвен картон и го промени текот на натпреварот. Затоа во продолжение се играше поинаков натпревар, а Вердер очекувано ја презеде иницијативата и напаѓаше со сите сили. Тоа се исплати во 70. минута кога Њинма го намали резултатот, но домаќинот не можеше да стори ништо повеќе од тоа.
Борусија Дортмунд со оваа победа се проби на четвртото место со 47 бода, додека Вердер остана на деветтата позиција со 30 бода.