Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев ја спаси Согдиана од пораз во дуелот со Кизилкум во првата лига на Узбекистан.
Домаќините беа на добар пат да ги освојат трите бода на оваа средба, но Дориев во судиското продолжение (93 минута) одлично се снајде со двајца противнички играчи и ја испрати топката точно на главата на Зотеев за гол и конечни 1-1.
Ова за Дориев е трета асистенција во сезоната, а има постигнато и десет голови со што е прв стрелец во лигата.
Согдинана со 31 бод е на третото место на табелата.