Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра финале и ќе се бори за трофејот во двојки на турнирот во Љубљана, Словенија откако со својата партнерка Џил Тајхман ги победија првите носителки Естел Касино од Франција и Анастасија Детиук од Чешка.
Ѓорческа и Тајхман не само што победија, туку тоа го направија и на неверојатно убедлив начин, првиот сет заврши со 6-1, а вториот со 6-2.
Во утрешното финале Ѓорческа и Тајхман ќе играат против Италијанката Бранкачо и Шпанката Ромеро Гормаз.