Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира меѓу осумте најдобри на Австралија опен, победувајќи го Адријан Манарино.
Победникот на Мелбурн од 2009 година имаше големи проблеми во првиот сет, а во вториот и третиот го искористи психичкиот и физичкиот пад на Французинот и на крајот рутински славеше – 7:6 (14), 6: 2, 6: 2.
„Бикот од Мајорка“ на тој начин успеа да стигне до своето осмо четвртфинале во последните девет настапи во Австралија, вкупно 45. на Грен слем турнирите.
Првиот сет беше мирен, изедначен, а единствената брејк можност беше забележана во 11. гем, кога Манарино пропушти голема шанса да го загрози Надал.
Мораше да се одигра тај-брејк, кој беше спектакуларен и во кој Французинот стигна до првиот мини-брејк (2:4).
Следуваше серија на Надал, кој побегна и го искористи падот на процентот на првиот сервис кај ривалот и стигна до две врзани сет топки.
Тоа беше само почеток на драмата, која продолжи и низ тај-брејкот. Сет топките се сменуваа, Манарино промаши четири, за Надал да ја искористи седмата и да поведе по 84 минути на овој меч.
Манарино потоа малку падна на психички, а особено на физички план, бидејќи имаше проблеми со повреда на препоните.
Вториот сет значително се разликуваше од првиот, а Надал рутински го удвои водството со два брејка по 40 минути игра.
Надал продолжи и во третиот каде застана во вториот сет веднаш одземајќи му го сервисот на противникот.
Манарино, сепак одговори со рибрејк без да загуби поен, за Шпанецот веднаш да го продолжи брејк фестивалот во следниот гем.
До крајот направи уште еден брејк, славеше и сега го чека ривалот во четвртфиналето – Зверев или Шаповалов.