Калин Ивановски ќе игра во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Монастир, Тунис.

Тој денеска во полуфиналната пресметка со грчкиот тенисер Сакеларадис играше одлично, пред крајот противникот го предаде мечот.

Ивановски првиот сет го доби со убедливи 6-2, во вториот водеше со 3-0 кога Гркот одлучи да го предаде мечот.

Најдобриот македонски тенисер во финалето ќе игра со подобриот од Ечаргуи од Турција и Форти од Италија. Двајцата имаат подобар рејтинг од Ивановски, па кој и да игра со него ќе биде благ фаворит.

Турнирот во Тунис е со награден фонд од 15000 долари.