Казахстанецот Александар Бублик во петтиот обид стигна до првата титула на АТП турнејата. Во финалето на турнирот во Монпелје беше подобар од Александар Зверев .

На Александар Бублик му беа потребни само 70 минути за да победи во финалето на турнирот во Монпелје. Го надигра Александар Зверев, третиот играч во светот и на крајот го освои првиот трофеј.

Бублик досега загуби во финалето на турнирите во Њупорт (Џон Иснер), Ченгду (Пабло Карено Буста), Анталија (Алекс Де Минаур), Сингапур (Алексеј Попирин).

Казахстанецот прв брејкна, но Зверев веднаш возврати и израмни на 3:3, но на крајот Бублик уште еднаш направи брејк и поведе со 5:4. На сервис за сетот спаси две врзани брејк топки и го однесе сетот со 6:4.

Во вториот сет Зверев целосно падна, двапати го загуби сервисот без освоен поен и доживеа пораз.

Бублик на тој начин конечно ја освои првата титула и ја продолжи серијата победи против Зверев во меѓусебните дуели. Се уште нема изгубено ниту еден сет од Германецот.

АТП Монпеље, финале:
Александар Бублик (Казахстан, 6) – Александар Зверев (Германија, 1) 6: 4, 6: 3