„Новиот Надал“, Карлос Алкараз, тинејџерската шпанска тениска ѕвезда се извади денеска за да обезбеди трето коло, па после епска битка и четири часа и 38 минути успеа да го мине сонародникот Алберт Рамос-Винолас по пет сета на Роланд Гарос со 6-1, 6-7, 5-7, 7-6, 6-4.
Алкараз успеа да ја мине втората пречка на Роланд Гарос далеку потешко од очекувањата, а како притаен фаворит после освојувањето на Мастерсот во Мадрид многумина го гледаат и како потенцијален освојувач на годинешниот гренслем во Париз.
На работ на бездната беше Алкараз во четвртиот сет, откако во деветиот гем го загуби својот сервис за Рамос-Винолас да поведе со 5-4, а потоа тој на свој сервис имаше меч топка, која успеа да ја спаси Алкараз, направи рибрејк, па сетот го однесе во тајбрејк каде убедливо го доби со 7-2, а потоа во петтиот решавачки сет повторно се мачеше иако набрзина направи 3-0, но противникот успеа да израмни и во деветтиот гем повторно го загуби својот сервис, за на крај младиот тинејџер и шести носител да ја потврди победата со 6-4 во гемот без загубен поен.