Рома е освојувач на трофејот на Лигата на конференциите. Римскиот гигант ќе биде запишан како прв шампион во новото натпреварување на УЕФА. Вечерва во финалето одиграно на Националниот стадион во Тирана, римјаните го совладаа Феенорд со 1:0.
Рома немаше бројни шанси но една од ретките можности претвори во гол. Манчини од далечина го пронајде Заниоло кој ја смири топката на гради во противничкиот шеснаесетник и потоа ја испрати во мрежата.
Рома стигна до првиот трофеј на УЕФА. „Волчицата“ има еден трофеј од некогашниот Куп на саемските градови (во далечната 1961 година) што не беше под капата на Европската фудбалска куќа.
Жозе Мурињо го освои петтиот европски трофеј, а е и првиот со трофеи од сите три натпреварување под капата на УЕФА. Со Интер и со Порто ја освои ЛШ, со Порто и Манчестер Јунајтед и Лигата на Европа, сега со Рома и Лигата на конференции.