Еден од најдобрите фудбалски агенти Мино Раиола почина денеска во клиника во Милано. Тој во изминатиот период имаше сериозно влошено здравје, а двапати дури светот го обиколи и лажна вест за неговата смрт. За жал, овојпат тоа е вистина, потврди неговото семејство.
„Со бескрајна болка објавуваме дека почина Мино, најнеобичниот фудбалски агент досега, дел од животите на многу фудбалери и напиша неизбришливо поглавје во историјата на модерниот фудбал. Ќе ни недостига засекогаш и неговиот проект да го направи светот на фудбалот подобро место за фудбалерите. Ќе биде испратен со истата страст сите кои беа блиски до него и бараат да се почитува приватноста на семејството и пријателите во овој момент на голема болка“, се вели во соопштението од неговото семејство.
Мино Раиола беше фудбалски агент на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џанлуиџи Донарума, Ерлинг Халанд…