Во Љубљана, Извршниот одбор на Европската ракометна федерација донесе одлука за укинување на правилата за голови на гости во сите клупски и репрезентативни натпреварувања.
Тоа значи дека во случај на изедначена гол разлика по два натпревари во нокаут фазата ќе решаваат седмерците.
Така, ЕХФ го следеше примерот на УЕФА кога го укина фудбалското правило за голови на гости.
Критичарите на правилата за голови на гости веруваат дека тој што ќе постигне повеќе голови треба едноставно да победи.
Но, во исто време предност ќе има тимот кој реваншот ќе го игра на домашен паркет без правила за голови на гости бидејќи пред својата публика ќе се играат продолженија или ќе се изведуваат седмерци.