Фудбалерите на Ливерпул со минимален резултат го совладаа Њукасл на гостински терен на отворањето на 35. коло од Премиер лигата.
Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп реши да смени дури пет играчи во однос на мечот со Виљареал, па наместо Салах, Арнолд, Фабињо, Тијаго и Конате на теренот ги видовме Жота, Кеита, Милнер, Гомез и Матип.
Сепак, нивното отсуство на почетокот не беше забележително, па Ливерпул поведе во 19. минута преку Наби Кеита.
На таа акција и претходеше стартот на Џејмс Милнер над Фабијан Шер, поради што играчите на Њукасл побараа ВАР проверка и фаул, но се чини дека стартот беше чист. Следеше магијата на Кеита со која ја продолжи традицијата сезонава. Кога ќе даде гол Ливерпул не знае за пораз.
Сепак, не беше се така лесно за гостинската екипа која не можеше да дојде до вториот гол. Њукасл постигна гол, но беше поништен поради офсајдот на Мигел Алмирон, а во продолжение сите поверојатни прилики завршуваа со пребрза во однос на последната линија на противникот.
Не беше расположен Алан Сен Максимин, кого го маќеше првиот допир, односно приемот на топката, додека ситуациите во кои добро ја примаше топката, дефанзивците на Ливерпул лесно ги решаваа. Од друга страна, Диого Жота, кој три пати беше во солидни, па дури и одлични можности, беше исцрпен, како и Садио Мане. Сепак, тоа не ги спречи да стигнат до третата победа во низа, а воедно ја прекинаа низата на Њукасл од четири победи.
Ливерпул со овој триумф се проби на првата позиција со два бода повеќе од Манчестер Сити, кој допрва ќе го одигра својот меч во Лидс. Кога станува збор за Њукасл, тие моментално се деветти и не можат да одат ни во Европа ни во Чемпионшип.