Јувентус прикажа одличен фудбал и го совлада најтрофејниот европски клуб со 3-1 на пријателскиот меч во Орландо. Стрелец на првиот гол беше Моисе Кин уште во првата минута.

На 2-0 зголеми новото засилување, Тимоти Веа, а Реал возврати преку Винисиус Жуниор.

Конечните 3-1 ги постави Србинот Душан Влаховиќ, кој успеа одбиената топка да ја смести во мрежата на Куртоа, во последните мигови од мечот.

Екипата на Јувентус минатата сезона мина низ тежок и турбулентен период. „Бјанконерите“ беа казнети со одземање бодови, а потоа беа исфрлени од евро-куповите за следната сезона и се чинеше дека ништо не оди во посакуван правец за момците на Масимилијано Алегри.

Навивачите се помирија дека Јуве ќе мора да се издигне од „пепелта“, а тој процес започна со летните подготовки на кои торинскиот клуб покажува дека е повторно силен и расположен за надигрување со најдобрите од Европа.

 

https://youtu.be/DgU0eUspuuc