Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа корејскиот Јеонбук со 3-0 во пријателски натпревар кој беше во знакот на бразилецот Нејмар.
Бразилецот го одигра својот прв натпревар од 19 февруари наваму (Нејмар и тогаш постигна гол) и беше стрелец на двата гола, а му асистираше на Марко Асенсио при третиот погодок, кој беше убав со шут од далечина. Првиот гол беше со многу среќа бидејќи по мајсторскиот дриблинг, Нејмар шутираше, а топката се одби од противнички играч и прво удри во статива пред да влезе во голот.
Меѓу стартерите на ПСЖ беше и Етан Мбапе, помладиот брат на Килијан Мбапе. Килијан веројатно веќе нема да игра за Светците, но тимот нема да остане без играч од семејството Мбапе.
Ова е голот на Нејмар за водство од 1-0: