Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан одиграа 2-2 во 172. вечно дерби на српскиот фудбал. „Црно-белите“ во последните дваесетина минути играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Северина. Сепак, успеаја да се одбранат и да освојат бод со кој сѐ уште се на врвот на табелата.

Урош Спајиќ во 44.минута донесе водство за Црвена Звезда, но израмни Салдања пред истекот на првото полувреме.

Во вториот дел, Партизан имаше предност со голот на Калулу во 49.минута, но ново израмнување донесе Шериф Ендиаје во 67.минута од дербито.

Дербито меѓу Црвена звезда и Партизан овојпат имаше и големо резултатско значење со оглед на тоа што само еден бод ги дели двата ривали во трката за шампионската титула. Црно-белите можат да бидат позадоволни бидејќи останаа на врвот.

 

 

 

 

 

 

Последните минути од натпреварот Црвена звезда ги играше со фудбалер повеќе откако Северина во 74. минута заработи втор жолт картон, но црвено-белите не го искористија тоа.

По 24 одиграни кола Партизан е прв со 60 бодови, Црвена звезда има 59 на второто место.