Енис Барди постигна нов гол за екипата на Трабзонспор со шут надвор од 16 метри, овојпат имаше среќа.
На дуелот против Карагумрук, Барди со удар од далечина го изедначи резултатот на 1-1. На патот кон мрежата, топката зафати играч на гостите кој го смени правецот на топката и помогна домаќините да се израдуваат на гол.
Капитенот на Македонија по пауза од три кола одново е стрелец во турската Суперлигата, откако ја стресе мрежата на првенствениот натпревар со Карагумрук.
Поранешниот ас на Леванте во 32. минута од средбата по еден отпадок се реши да бие од 20 метри и топката од блокот промени правец, го измами противничкиот голман и заврши во мрежата.
За Барди ова е четврти овосезонски погодок во турскиот шампионат, а има и четири асистенции.