На натпреварот меѓу Џенерал Ламадрид и Викторијано Аренас во четвртата лига во Аргентина се случи необичнаи бизарна ситуација. Домаќините водеа со 1:0, но по еден напад на гостите,  Матијас Руиз шутираше откосо и потоа почна да се радува на погодок.

Судијата покажа на центарот, односно дека е погодок, но проблем беше тоа што топката воопшто не заврши во мрежата. Сепак, судијата покажа дека е погодок сметајќи дека топката ја помина гол-линијата, а потоа на скинат дел од мрежата продолжи да се тркала.

Неколку минути подоцна следуваше целосен пресврт и Викторијано Аренас со гол од пенал стигна до победа од 2:1.

Сами проценете дали првиот погодок за гостите е исправен или судијата згреши.