Копа Америка го доби вториот полуфиналист, а тоа е Канада која направи историски успех со пласманот меѓу четирите најдобри во Јужна Америка.
Венецуела и Канада одиграа неверојатно израмнет натпревар и дојде до пенал рулет. Таму подобри беа Канаѓаните па стигнаа до полуфинале во своето прво учество на Копа Америка.
Канада поведе со голот на Шафелбург во 13-та минута од мечот, но Венецуела не се откажа и во вториот дел направи се за да стигне до израмнување.
Соломон Рондон имаше момент на инспирација и го лобуваше противничкиот голман од 40 метри, па по истекот на регуларните 90 минути, се пристапи кон изведување пенали.
Во првите пет серии имаше по две промашувања, а клучниот гол за победа на Канада го постигна Коне во шестата серија.