Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Миомир Кецмановиќ со 3-0 во сетови, 6-1, 6-4 и 6-2 и обезбеди пласман во осминафинале на Вимблдон.
Синер фуриозно го почна натпреварот и во првиот сет му дозволи на Србинот да освои само еден гем, додека Кецмановиќ во вториот сет даде поголем отпор меѓутоа загуби со 4-6. Во последниот сет Италијанецот повторно беше супериорен и со 6-2 го освои сетот, па се пласира во следното коло на турнирот.
Првиот тенисер на АТП-листата во осминафинале ќе се соочи против победникот меѓу Шаповалов и Шелтон.