Онс Жабер стигна до титулата на мастерс тенискиот турнир во Мадрид откако вечерва во големото финале ја совлада Џесика Пегула во три сета.
Тунижанката првиот сет го освои со 7-5, но потоа во вториот имаше неверојатен пад, бидејќи не освои ниту еден гем. Во решавачкиот трет сет се врати на своето ниво и славеше со 6-2 за прва мастерс титула и вкупно втора во кариерата.
Жабер стана и првата тенисерка со арапско потекло што освоила мастерс трофеј.